Познатиот пејач на рехабилитација: Пушел по 25 џоинти дневно

Во изминатите две години, педесет и едно годишниот Џорџ Мајкл често бил во болница.

Ги одложувал концертите поради воспаление на белите дробови, минатата година му се слошило во неговиот дом, а пред две години наводно случајно испаднал од автомобил во движење додека се обидувал подобро да ја затвори вратата.

Тогаш се мислеше дека поради дрога испаднал од автомобилот.

Како што пишуваат странските медиуми, музичарот моментално се наоѓа на лечење од дрога и алкохол во центар за рехабилитација во Швајцарија. Таму се пријавил во тајност бидејќи пушел по 25 џоинти марихуана дневно.

Во истиот центар се лечел и модниот дизајнер Џон Галијано.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега