ЕУ со итен план за Грција да избегне банкрот

Европската унија донела одлука да предложи „итен план“ за да и помогне на Грција да избегна банкрот, доколку земјата до крајот на оваа недела не постигне договор со кредиторите за нејзиниот долг, тврди во денешниот број германскиот весник „Зидојче цајтунг“, пренесе МИА.  

Со планот, според весникот, треба да се воведе „контрола на финансиките одливи“ од Грција за да се спречи извлекување на капиталот од земјата, по примерот на мерките спровдени во Кипар за време на финансиската криза во 2013 година.

Планот предвидува доколку преговорите, чиј цел е одржување на ликвидноста на Грција, западнат во ќорсокак, од следната недела грчките банки де факто ќе бидат затворени на неколку дена за да се подготват за следње на трансакциите, а можно е да бидат ограничени и сумите на пари што ќе може да бидат повлекувани од банкоматите, како и висините на електронските трансакции, пишува МИА. 

Преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори за време на изминатиот викенд завршија без договор, а следната рунда разговори е најавена за во четврток во Луксембург.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега