"Го тепаше со полначот за мобилен" - му се суди на таткото кој си го уби 4-месечното бебе

Во Судот во Босна продолжи судењето за Елдар кој си го уби своето 4-месечно бебенце во нивниот дом, минатата година.

Според наодите од обдукцијата се покажа дека бебето имало модринки на целото тело, модри му биле очните капаци, имало повеќе крвни подливи, имало нагмечување на ткивото на мозокот, а скршени му биле и ребрата од двете страни. Смртта секако настанала на насилен начин бидејќи детето било джцело со модринки и скршеници.

На Суд се појавила и невенчаната сопруга на Елдар кој се товари за убиството.

- Станав тој ден да го нахранам детето и отидов на работа. Кога дојдов на работа ми стигна порака дека детето многу плачело и дека сакал да му ја искубе косата. Потоа ми се јави и ми кажа дека бебето умира бидејќи се задавило додека јадело, вели таа и признава дека често го тепал бебето со полнач од мобилен.

Ова убиство ја потресе Босна.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега