ВИДЕО: Случаен милионер: По грешка се пријавил на покер турнир и освоил милион долари

Дваесет и шест годишниот Ашер Конф од Њујорк пред неколку дена освои огромна сума пари учествувајќи на покер турнир на кој се пријавил по грешка.

Тој требал да учествува на друг турнир, но по грешка се пријавил на оној кој се поклопувал со планираното фамилијарно патување во Европа. Кога дознал дека не може да си ги повлече парите кои ги вложил за пријавување, се откажал од патувањето и отишол на турнирот, што се покажало како добра одлука.

Освојувањето на турнирот му обезбедило покана за познатото светско првенство во покер на кои исто така победил.

Се на се, Кониф од турнирите си заминал со повеќе од 973.000 долари.

 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега