Мажите со пивски стомак се подобри во сексот од оние со „плочки“ - еве зошто

Љубовникот од соништата е нежен, внимателен, знае како да ја задоволи жената и сите нејзини потреби и - може долго... Обично на ум прво ќе ни дојде слика од некој пастув со убаво дефинирани мускули бидејќи, ако може толку да вежба, веројатно е издржлив и во креветот.

Но, научниците го тврдат токму спротивното - најдобри љубовници се мажите со нагласен стомак, да се изразиме пристојно. Секако, не оние со голем пивски стомак, туку оние со симпатично мало стомаче.

Статистиката уште еднаш беше неуморна и на повеќе од стотина мажи даде резултат кој оди во корист на оние со малку послењбо дефинирани мускули - мажите со малку повисок телесен индекс од просечниот во креветот едноставно траат подолго.

Имено, мажите со стомак во просек издржуваат 7,3 минути пред да стигнат до врвот, додека развиените мажи со рамен стомак биле готови за три пати помалку време - едвај две минути.

Причината е многу едноставна - стомакот укажува на покачено ниво на естрадол, женски сексуален хормон кој помага при остварувањето на оргазам. Слабите мажи го немаат во тие количини и обично прерано ејакулираат...

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега