Фрчат дисциплински за вработени во МВР

 

Четворица полицајци се казнети со 15 проценти од платата за три месеци, бидејќи го напуштиле работното место и не се јавувале на радио врска...

По спроведената дисциплинска постапка, донесени се 38 решенија против исто толку вработени во Mинистерството за внатрешни работи поради сторени повреди на работното место, четворица полицајци се казнети со 15 проценти од платата за три месеци, бидејќи го напуштиле работното место и не се јавувале на радио врска.

Полицаец во Tабановце заработил парична казна во висина од 15 проценти од месечната плата за три месеци затоа што дозволил излез од државава на возило управувано од хрватски државјанин. Возилото од рент-а-кар агенција било пријавено за украдено.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега