Најважната песна на новата генерација

На социјалните межи момчето Дерек Николс неодамна постави песна која неговиот помлад брат Џордан ја напишал со наслов „Нашата генерација“. Покрај мудроста која во песната ја покажува 14-годишното момче, истата има голема смисла и ако се прочита стандардо но и од назад.

И само еден ден по објавувањето, песната е споделена 120 илјади пати, јави  „Елит Дејли“.

Прочитајте ја песната стандардно, а потоа и обратно, од доле кон горе, ред по ред.

Нашата генерација

Нашата генерација нема да биде позната по ништо.

Никој никогаш нема да рече дека

Сме гордост на човештвото.

Не е точно. Вистина е дека 

Нашата генерација не чини.

Да се мисли дека

ќе успееме

Погрешно е. Веруваме дека

Живеење само заради пари и моќ

Е исправен начин.

Да се биде полн со љубов, почитување и добрина

Е глупост.

Да се заборави на старите добри времиња

Не е едноставно, но се трудиме.

Менувањето на нашиот свет на подобро

Е нешто што не се прави.

Повлекување

За нашите .проблеми е решение

Напорна работа

Тоа е глупост.

Знаеме дека

Луѓето мислат дека нема враќање.

Тоа би можело да биде вистина,

Ако не ги смениме работите.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега