Кој умее со парите: Лавот е непоправлив трошаџија, Стрелецот најлесно доаѓа до пари

Секој хороскопски знак има сопствен капацитет за креирање на својата благосостојба. Сепак, некои знаци од почеток имаат подобра основа за правење на пари со помалку напор од останатите.

ОВЕН

Нивниот однос кон парите е прилично детинест. Во состојба се себеси да си ги исполнуваат екстравагантните каприци, затоа што сакаат да парадираат со скапоцени автомобили, гламурозен имиџ и воглавно пари даваат за свои лични задоволства. Парите го сакаат овенот и секогаш имаат и повеќе од доволно.

БИК

Бик е знак на здравје и благосостојба и луѓето кои се родени во овој знак прилично имаат среќа со парите, но се и вредни работници.  Како по правило, скоро секогаш наследуваат пари и уживаат во поклони и големи суми на пари, како од семејството така и од пријателите.

БЛИЗНАЦИ

Сакаат да трошат, но сакаат и да имаат пари. Често позајмуваат од пријателите, роднините и скоро секогаш се во долгови.  Сакаат да купуваат евтини и непотребни ситници, но за се што се однесува до домот и нивната удобност никогаш нема да го жалат ниту последниот денар кој ќе го дадат.

РАК

Ракот има екстравагантен однос кон парите иако важат за штедачи, но всушност мудро ракуваат со пари. Штеди и внимава на секој денар, а потоа ќе си купи нешто што долго време го посакува или ќе ги потроши на патување. Сака пари и секогаш има калкулатор во рака.

ЛАВ

Лавовите многу сакаат да трошат и тешко умеат да задржат некој денар. Како ќе добијат плата, одат во првата слаткарница или на скара, потоа ќе се почастат со некоја книга, ќе го изведат партнерот на вечера, ќе купат поклон за децата па потоа кукаат како немаат пари.

ДЕВИЦА

Девицата е најголемиот штедач во зодијакот и упорно собира денар по денар. Некому ќе му се чини дека тоа не е никаква пара, но не и на Девицата. Темпераментот на Девица е таков што лесно можат да се посветат исклучиво на стекнување на пари.

ВАГА

Парите ги сака повеќе отколку што би се рекло на прв поглед. За Вагата парите се симбол на удобност и затоа често го трошат на патувања, на козметичари, скапи креми, квалитетни чевли и на пријатни излегувања.

ШКОРПИЈА

Шкорпијата сака да прави финансиски трансакции, сака ризик, и парите за Шкорпија се како руски рулет. Никогаш не се знае дали ќе има добивка или загуба. Парите за Шкорпијата се вистински афродизијак и и го креваат адреналинот и затоа се тие науспешни бизнисмени. Сака да поклонува и е многу великодушна.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот се најсреќниот знак кога се работи за парите. Стрелецот ги привлекува парите и многу мултимилионери се во овој знак од зодијакот. За оние Стрелци кои нема да биде премногу богати, имаат голема шанса да си го овозоможат својот животен комфор, кој обично доаѓа од некоја продуктивна прифесија со која се занимаваат.

ЈАРЕЦ

Јарците се или потполно опуштени или крајно избезумени поради пари. Најмногу сакаат да заработуваат работејќи на две или повеќе паралелни работи. Тие парите ги трошат на децата, на вложување во трајните вредности: куќата, викендицата, накит или слики.

ВОДОЛИЈА

За Водолијата никогаш нема да знаете колку пари има, затоа што ниту тие не можат да ги контролираат своите издатоци и приходи, затоа што секогаш нешто сметаат, планираат, вложуваат или позајмуваат. Сакаат бизнис и подготвени ризикуваат, а често и профитираат. Кога ќе останат без пари, секогаш имаат од кого да позајмат.

РИБИ

Рибите стекнуваат пари со сугестија. Тоа што ќе го замислат тоа и го добиваат. Имаат многу среќа со парите, а прилично се дарежлив но и расипан знак. Понекогаш одат во крајност и живеат скромно само да не мора напорно да работат.

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега