Хрватска најсиромашна во Европа - следуваат Бугарија па Романија

Иако вработеноста расте, Хрватите се меѓу најсиромашните во Европа. Одземјите кои не се членки на ЕУ, најсиромашни по ред се: Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и Турција.
Хрватска со Естонија, Унгарија и Шпанија, предничат со скокот на број на вработени во првото годишно тромесечие, во однос на истиот период минатата година, покажува извештајот на Евростат.

Во првото годишно тромесечије, бројот на вработени во Хрватска е зголемен за 2,8 проценти, во однос на истото минатата година. Со тоа вработувањата повторно се зголемени на годишно ниво, по краткотрајното слабеење во последните три месеци, во 2014 година кога е зголемено за 1,6%.

Во првото тромесечије во 2015 година меѓу земјите членки со најсилен раст е бројот на вработени на годишно ниво забележала Естонија со 3,6%, следи Унгарија со 3,4% и Шпанија со 2,9 %.

Хрватите меѓу најсиромашните

Иако вработеноста расте, Хрватска е меѓу најсиромашните во Европа, покажуваат податоците на Евростат за состојбата на индивидуалната потрошувачка која се мери со благосостојбата на домаќинствата.

Според првата проценка за минатата година, вистинската индивидуална потрошувачка по земји членки во ЕУ се мери во распон од 49 до 140% во просек на Унијата, изразено со стандардот на куповната моќ.

Најсиромашна членка е Бугарија која е на 49% просек во ЕУ, а следна е Романија со 55% односно Хрватска со 59% во просек на индивидуалната потрошувачка.

Најголем стандард има Луксембург каде потрошувачката е 40% над просекот, а следуваат Германија и Австријасо 20% над просекот.    

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега