Стефан денеска беше испратен до вечниот дом - еве зошто неговиот брат ја измисли приказната за киднапирањето

Денеска беше погребан 12-годишниот стефан Илиќ кој е пронајден мртов во каналот на реката Караш, а обдукцијата покажа дека смртта не е настаната како последица на давење. Она за што уште се полемизира е причината зошто неговиот брат Урош(9) ја измисли приказната за киднапирањето. Во целата таа приказна се „вмеша“ полусестрата на Стефан и раскажала дека малиот Урош ја измислил приказната бидејќи многу се плашел од неговиот татко. 

Таа рекла дека урош го однел Стефан покрај реката

- Урош рекол дека тоа попладне ги чувал овците, а пота едно јагне заминало кај реката Караш. Стефан тргнал да го земе јагнето за да го спаси да не падне во реката, но за жал тој се слизнал и пропаднал во водата. Урош се обидел да го спаси својот брат, но не му успеало, објаснила Светлана за Вечерне новости.

 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа