Исповед на една жена која била со години втора жена - Додека јас фантазирав, тој...

Никој не сака живот по ова сценарио, но...

Ниту една жена како девојче не сонува кога ќе порасне да биде љубовница која нема да доживее венчавка со човекот кој го сака, и која не верува дека во ваков однос се влегува случајно и без задни намери, сакам никоја во живото вакво искуство да не искуси и да не сфати дека сум била во право. Никогаш не сум сакала да бидам „втора“, само слепо верував, додека тој вешто ме лажеше“, храбро ја започна својата приказна М.Н од Белград.

Нашата врска ја отвори вратата од рајот

- На почетокот личеше на идилична бајка. Тој беше мојата поддршка, заштитник, а јас негова „сродна душа“, како што често ме нарекуваше. Умеевме со часови да се гледаме како најзаљубен пар на светот и тинејџерите на нас ни завидува. Слободна со умот, душата и срцето. Живеев во исчекување за моментот кога ќе ја потпише хартијата за развод, а по неговите зборови беше само прашање на денови... Јас бев негова, а тој нечиј, продолжила да раскажува за својата љубов.

Срцето не го слуша разумот

- Јас бев креатор и немоќен учесник. Знаев во што се впуштам, патувавме, излагавме, шетавме, спиевме и се будевме заедно. Го правевме сето она што паровите го прават кога се во врска. Едноставно, уживавме, но кога посакав да излезам од тоа, сфатив дека не можам. Не е лесно да кажеш „НЕ“, продолжила 

Лагите почнуваат да личат на вистина, а надежта умира последна...

- Тоа е љубовен однос каде е се дозоволено и јасно. во неговата претстава неговата жена за мене беше невидлива. Зборуваше како таа не е важна и дека еден документ во општина нема да влијае на нас. Кога го прашав за деца, рече дека тоа се единствените последни атоми на тој брак - децата, но дека и тие трпат и чусвстуваат недоразбирање. Лагите се нижеа, а јас верував во нив, разочарано раскажува за времето поминато со него.

Последното разочарување: Ние двајца не бевме едно

- изнајмивме стан. најпрво тоа беше нашето мало љубовно гнездо, а подоцна се претвори во пекол. Го чекав секоја ноќ, а тој секогаш имаше исти изговори. Велеше дека неговата жена го уценува со децата, а вистината беше далеку поинаква. Таа ништо не забележала, а тој пред мене и неа имал уште девојки, разочарано раскажува девојакат

Потоа следувал уште еден шок, па подоцна и крај

- Го сретнав со неговата сопруга на свадба кај еден наш заеднички пријател. Изгледаа среќно и се држеа за рак. Додека јас планирав живот со него, а тој уживал во животот со неа. Објавија дека таа е бремена и тогаш дојде крајот. Фантазијата дека за мене тоа е љубов, за него беше само ново, неоткриено, поинакво и далеку од разборд, додала за крај. сега сум среќна и одлучна дека повеќе нема никогаш да бидам „ втора жена“.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.06.2015 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега