Скопјанец остана без компјутери и златен накит

Вчера во селото Волково била ограбена куќа на скопјанец.

Се работи за 36-годишниот З.Р. каде непознат сторител влегол преку прозорот кој бил оставен на кипање, ја фатил рачката за отварање од внатрешна страна и го отворил  по што влегол внатре и ја извршил кражбата.

Крадецот одзел три лап-топ компјутери и златен накит.

Тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

најчитано сега