ВИДЕО: Вистинска историска сцена во која е понижена Серсеи - оди гола низ градот

За сцената во последната епизода од петтата сезона „Игра на престолот“, кога Серсеи Лејнистер оди гола низ градот дури и за глумицата Лена Хеди била толку понижувачка што смета дека никој не треба да минува низ такво нешто.

Освен што протагонистката оди гола низ улиците на градот, нејзе ја пратат маса луѓекои ја гаѓаат со скапано овошје и зеленчук, плукаат по неа и ја навредуваат со погрдни зборови, а зад поворката се движи еден од свештениците кои постојано вика „Срамота!“, и истовремено звони со ѕвоното за да го слушнат што поголем број на луѓе, дека некој е осуден на такво понижување.

Но, Серси Ланистер, не е единствената личност која доживеала вакво мачно искуство – таква казна во средниот век била прилично вообичаена.

Писателот Џорџ Мартин изјави дека како инсипирација за оваа сцена му послужил настанот од времето на кралот Едвард IV, кога неговата љубовница Џејн Шор е казнета на сличен начин. Поради заверите против кралот Ричард III кој го наследил Едвард, морала низ град да оди во долен веш и боси нозе.

Ваквите казни биле нормални за лицата кои извршиле прељуба, а првите случаи се појавиле во Франција меѓу 13 и 14 век.

 

За да лицата во тоа време биле обвинети за прељуба, требало да бидат фатени во самиот чин, а јавното понижување кое следело најчесто на луѓето во целост би им го уништило животот.

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега