Кон хомосексуалците, нацистите се однесувале како лудаци, а ги мразеле исто како и Евреите

Додека светот е преполн со мемоари на Евреите кои го преживеале холокаустот, тешко дека ќе најдете некој дел од хомосексуалците, иако тоа е друга група која Хитлеровиот режим систематично ја прогонувал.

Директорот на изложбата „Нацистички прогон на хомосексуалците 1933-1945“ во Американскиот музеј за сеќавање на холокаустот, Тед Вилијамс, вели дека било тешко да дојде до материјали за поставување на оваа изложба, затоа што не е како холокаустот, во кој имате над 1000 извори и луѓе кои ги раскажувале своите животни приказни.

Оваа изложба е отворена во 2002 година, и од тогаш е претставена во повеќе од 25 држави.

Изложбата која се фокусира на нацистичкиот прогон на хомосексуалците се состои од серија хронолошки подредени плочи исполнети со текстови, фотографии, и фотографии од полициски досиеаја, како и други документи.

Изложбата почнува со сцена која објаснува дека според германскиот кривичен закон, поточно членот 175, „неприродна непристојност“ меѓу мажите, се казнува со затвор. Овој член се состои во законот од обединувачка Германија 1871 година.

Од една страна клубови, од друга прогони

Сепак, во Германија меѓу двете светски војни, големите градови како Берлин, станаа центри на друштвени експерименти, во кои имало анонимност на илјадници хомосексуалци.

Постоеле лиги за истополовни пријателства, клубови, барови, кафичи, а оживеале и игранките кои на своите членови им нуделе поддршка и друштво – пишува во една изложена плоча, иако истовремено стотина мажи биле изложени на прогони поради членот 175, кој не споменувал лезбејки.

Во очите на нацистите, хомосексуалците можеле да ја ослабат аријската раса, делумно и затоа што хомосексуалците не допринеле за зголемување на бројот на аријевци, бидејќи се повлекле од својата генеративна моќ – пишува на другата плоча.

Тие се плашеле дека хомосексуалноста е свовидна инфекција која би можела да се претвори во епидемија, особено меѓу рналивите млади луѓе. Еден нацистички дијаграм покжаувал ширење на зараза во однос на еден маж со 28 луѓе со помош на заведување.

Во нацистичката визија друштвата во кои доминирале мажи, не постоел толкав страв од лезбејки како од геј мажите. Тие секако можеле да станат мајки и жени и не било потребно премногу да се грижат околу нивната сексуална страст – објаснил Филипс.

Нацистите во 1935 година го измениле членот 175 за уште полесно ги осудат мажите, но и понатаму не ги спомнуваат жените. Нацистите сметале дека би било тешко да се препознае кога кај жената се работи за пријателство, а кога за интимна врска.

Новата верзија на законот дозволувала да за секој можен контакт меѓу мажите дека постои сексуална намера, дури и ако се работело за обични погледи или допири. Тоа би можело да биде и повеќе од доволно за апсење или осуда, а понекогаш полицијата се нафрлила и на некоја трета личност.

Сите заборавиле на законот?!

Се претпоставува дека во текот на нацистичкиот режим, околу 100.000 мажи се уапсени поради членот 175 а половина од нив по судењето завршиле во затвор. Некои се затворени во психијатриски установи, а стотина од нив се и кастрирани.

Меѓу 5000 и 15000 мажи се испратени во логори, па на тој начин биле исфрлени од правниот систем. Тами морале да носат розести троглави, за да се идентификуваат како хомосексуалци. А во концентрациониот логори, во Германија, каде имало малку Евреи (затоа што повеќето биле испратени во источните подрачја) хомосексуалците биле на дното на хиреархијата, па поради другите затвореници се плашеле да остварат контакт со нив.

Откако Германија се предала во мај во 1945 година, Сојузниците ги укинале бројните нацистички закони со кои требало да се прочисти аријевската раса. Но, дури ни тогаш членот 175 не е укинат.

 

Западна Германија го промени закнот откако хомосексуалноста беше декриминализирна во 1969 година.

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега