Општина Битола промовирана на саем во Нингбо, Кина

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески учествуваше на форум на градоначалници од 16 држави во светот во кинескиот град Нингбо.

На форумот се одржал инвестициски симпозиум, саем на општини, посета на индустриската зона и пристаништето во Нингбо, и на повеќе кинески компании и филмскиот град, пренесува МИА.

- За нас е значајно што со потпишувањето на договорот за соработка што го опфаќа коридорот Грција-Македонија-Србија-Унгарија за соработка со НР Кина или т.н. „пат на свилата“, ние ќе имаме соработка со нови општини и многу компании. Во таа смисла очекуваме поконкретни чекори, а во прилог на идејата, потпишавме договор со градоначалникот на Нингбо, Лу Ци Е кој е расположен за конректна соработка со нашата општина и компании, изјавил  градоначалникот Талески, на денешната прес конференција во неговиот кабинет.

На форумот на градоначалници во Нингбо, општина Битола понудила седум проекти поврзани со индустриската зона „Жабени“, проектот „Златен рид“, националниот парк „Пелистер“ и други можности за директни инвестии од НР Кина.

- Првиот заинтересиран инвеститор најави изградба на фабрика за градежни материјали изработени од рециклиран материјал. Станува збор за производи кои ги нема во нашата држава, а со намера освен во Македонија да се продаваат и во регионот, рекол Талески.

За време на престојот во Нингбо, битолскиот градоначалник беше придружуван од директорот на ИЗ „Жабени“, генералниот директор на „Цермат“ и други стопанственици. 

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега