ВИДЕО: Нилски коњ спаси кревко животно од крокодил!

Ретко кое животно може да побегне од челуста на крокодил. Така ќе беше и во оваа снимка да не наидеше хуман нилски коњ.

Фотографите и камерманите храбро стоеле на крајбрежјето на африканската река Мара, додека ги снимале гнуата како бегаат од водата поради крокодилите.

Меѓутоа, еден гну беше премногу бавен и крокодилот го стигна, но тука не беше крајот.

Сочуствителниот нилски коњ доплива до несреќното животно и го избрка крокодилот. Потоа огромното животно го испрати гнуто до брегот, а и го бакна, судејќи по снимката.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега