Голем Интернет скандал: Наскоро сите би можеле да дознаат ако сте гледале порно

Наскоро би можеле сите да дознаат доколку вие иле некој друг гледал порно на интернет, што би претставувало најголем интернет скандал после онај од изминатата година кога беја објавувани голи фотографии од познати личности.

Всушност и тоа е целта на истрагата на „Vice“ каналот за наука и технологија.

Во пост на авторот Брет Томос се истакнува дека доколку имате навика да гледате порнографија вашата интернет историја би можела јавно да биде објавена на интернет заедно со вашето име.

Од „Vice“ истакнуваат дека тоа освен што ќе предизвика срам кај некои корисници, би можело и да има страшни поседици во некои земји каде следуваат големи казни за гледање на порнографски материјал

„Vice“ заклучува дека 88 отсто од 500 најпосетуваните порно сајтови содржат елементи на некоја трета страна која му се заканува на активностите на корисникот. Меѓутоа, потенцирано е и дека излегувањето на таквите податоци најмногу штета би им нанело на сајтовите од оваа врста.

-Требало секогаш да имате на ум дека кога користите интернет, вашите активности се следат и од некоја трета страна, истакнуваат од „Vice“.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега