Вода, плажа, песок, уживање - почнува летото!

Календарски денеска во 18 часот и 36 минути на северната земјина полутопка почнува летото.

Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка денеска е најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната најкраткиот ден. 

Иако денеска е првиот ден од летото, времето во Македонија и во Скопје е променливо облачно со повремени врнежи од дожд и температури од 17 до 24 степени.

Сонцето во Скопје денеска изгреа во четири часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта осум часа и 46 минути.

Од понеделник деновите ќе почнат да се скратуваат за околу две-три минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега