Летаат казни и откази за вработени во МВР - што направиле?

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 18 решенија против 18 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2, 3, 4, 5, 7 и 10 и член 207 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 12 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на двајца вработени мерка - “запирање на постапката“, на тројца вработени изречена им е мерка „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“, а станува збор за:

Документарист за евидентирање на покани за глоба, Одделение за прекршоци, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (за два дена не доставил документ за оправдано отсуство-боледување и за отсуството не го известил раководителот);

Полицаец во ПС ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (вршел обезбедување без формациско оружје и панцир);

Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (непристојно и дрско се однесувал кон хиерархиски надреден работник);

Полицаец во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (дозволил влез во РМ на албански државјанин кој управувал ПМВ со италијански регистарски ознаки, без да утврди дали поседува одобрение за управување со туѓо ПМВ);

Полицаец во ПС ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (вршел обезбедување без формациско оружје и панцир);

Полицаец за БПС во Одделение за БПС, Единица за патниот сообраќај, СВР Скопје, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (нема повреда);

Полицаец ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Без одобрение на непосреден старешина порано се повлекол од терен и бил затекнат како спиел во полициска станица);

Полицаец ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Без одобрение на непосреден старешина порано се повлекол од терен и бил затекнат како спиел во полициска станица);

Полицаец ПС од ОН Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Без одобрение на непосреден старешина порано се повлекол од терен);

Документарист ПС од ОН Кичево, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не бил затекнат на работното место);

Полицаец ПО Камењане, ПС од ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни работни дена и не го оправдал своето отсуство);

Помошник дежурен ПС од ОН Крушево, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (Не превземал службени мерки и дејствија за расчистување на пријавен настан);

Помошник дежурен ПС од ОН Крушево, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за два месеци (Не превземал службени мерки и дејствија за расчистување на пријавен настан);

Помошник командир во МПС Ростуше-Жировница, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (нема повреда);
Полицаец-водич на службено куче во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (своето формациско оружје не го оддржувал чисто и подмачкано);

Полицаец во во ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (своето формациско оружје не го оддржувал чисто и подмачкано);

Полицаец во ПО Маврово, ПС од ОН Гостивар, Одделение за полиција, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (бил во полулегната состојба во службено возило со кое бил предвиден да врши служба);

Дежурен полицаец во ПО Маврово, ПС од ОН Гостивар, Одделение за полиција, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (бил во полулегната состојба во службено возило со кое бил предвиден да врши служба);

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа