Собранието ќе расправа за измени и дополнувања на закони од различни области

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 54-та седница, пренесува МИА. На дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи, на Законот за хемикалии, на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за катастар на недвижности, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, како и измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, сите во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог на закон за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Предлог на закон за урбано зеленило, Предлог на закон за изменување на Изборниот законик на Република Македонија, како и за барање за автентично толкување на член 5-б став 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Во второ читање, на дневен ред на оваа седница се дополнувањата на Законот за управување со кризи, на Законот за Државното правобранителство, на Законот за процена, на Законот за бесплатна правна помош, на Законот за социјалната заштита и на Законот за семејството.

Собранието ќе расправа и за измените и дополнувањата на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за експропријација, на Законот за денационализација, на Законот за електронска трговија, на Законот за вештачење, како и за дополнувањата на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и за Предлог на закон за градежните производи.

 

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега