Трагедија во семејството на Ребека

Голема трагедија се случи во семејството на пејачката Ребека и нејзината сестра Хелена Роза.

rebekaaaaa-tragedija

 

Нивниот татко Благоја Јанковски ненадејно починал.

Пејачката за ова информираше на нејзиниот Фејсбук профил.

“Мојот татко беше како карпа цврст, храбар и носеше уште поголеми карпи на неговите плеки. Мојот татко беше мудар и трпелив. Многу се радував кога ќе седнев кај него во скут како дете , а тој со неговите големи дланки ме галеше нежно по косата и ми велеше да не се грижам… Мојот татко ме научи како да ја слушам музиката, да препознаам квалитет, мојот татко скришно ме слушаше додека пеев клечејки пред грамофонот на песните од Еуритхмицс, Тина Тарнер, Дона Самер ,Барбара Стрејсенд…Тој правеше најубави салати од лупени домати и попара. Ми купуваше Лего коцки и ми раскажуваше за созвездијата и вселената. Кога одевме на одмор заедно лежевме на тревата со мајка ми и сестра ми гледавме како паѓаат ѕвезди и како се движат сателити. Многу се гордеев со неговите новинарски текстови и СФ приказни кои излегуваа во Галаксија. Многу се гордеам со неговите слики сликани во уникатна техника- пенкало на хамер. Се радував на секое наше гледање. Се радував кога и тој се радуваше на моите деца. Сакав да го сакаат. Но сето тоа тато е малку. Сакам уште време со тебе. Ми недостигаш ти и сите твои шеги и досетки. Ми недостига се што бесе убаво во овие 43 години. Сите грешки што ги направи ме правеа тажна зашто многу те сакав, но сега се сеќавам само на убавите нешта. Толку е се кратко за да се каже збогум татичко. Ме изненади твоето заминување. Се гледаме во безконечноста единствен мој, тато. Почивај во мир“, напиша Ребека.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега