Измена на законот за возила
Затворање на нелегалните плацеви каде се продаваат половни возила. Инспекторите се на терен - но се уште нема бројки дали и колку нерегистрирани плацеви се затворени. Со измените во законот за возила, треба да се скрати и рокот за чекање одговот од Бирото за метрологија, од 15 на 7 дена, информира министерот Незири. . . Плин ќе ставаат само овластени лица, кое ќе се регистираат во министерството за економија, а ќе се воведе и здолжителнмо мерење на издувните гасови на сите автомобили...
Ќе се намалат и трошоците за регистрација на трактори. Наместо годишно, региострацијата ќе се прави на секое 6 години, а техничкиот преглед на две години
Во новиот закон се утврдува и времетраењето на техничкиот преглед, кое ќе трае најмалку 10 минути, а за товарни возила 20 минути. До сега, според Незири, имало случаи кога дневно на технички пореглед поминувале и по 150 возила. Сега, конкуренцијата на сите станици ќе биде на исто ниво.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа