Хокинг: Приказната за рајот е бајка за луѓето кои се плашат од мракот

Сигурно барем еднаш во животот сте посакале да можете да го вратите времето и да ги промените работите, барем дел од нив. Луѓето сакаат да такво нешто еден ден стане возможно, но судејќи според се, патувањето низ времето засекогаш ќе остане само идеја од научно фантастичните филмови.

Астрофизичарот Стивен Хокинг неделава во интервју за Би-Би-Си разочара голем многумина кои верувале дека еден ден ќе можат да се вратат во минатото. Тој разговарал со комичарот Даром Обрајан, кој инаку дипломирал на областа теоретска физика, и кој го запрашал Хокинг дали некогаш ќе успееме да патуваме низ времето. „Дури ни порака не може да се испрати“, изјави Хокинг, додавајќи дека ни патувањето низ црната дупка никогаш нема да биде возможно.

Прочуениот физичар не нималку оптимистичен ни кога станува збор за заминување на луѓето на далечните планети. „Сегашните луѓе не можат да ги достигнат ѕвездите. Далечината е преголема, а радијацијата премногу силна“, вели тој.

Единствена надеж е да “генетски ги модификуваме луѓето, или во вселената испраќаме машини“. Обрајан премина на темата на Бог, а Хокинг му објаснил дека никогаш не верувал дека Бог ја создал Земјата за седум дена.

Него му е поблиску научното објаснување со Големата праска“. Но, што е со животот по смртта? Дали верувате дека постои можност за постоење на Рајот? „Мислам дека приказната за задгробен живот е бајка за луѓето кои се плашат од мракот“, изјавил тој.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега