Остар судир на поборниците и противниците на обичајот да се јаде кучешко месо

За многу жители на јужниот кинески град Јулин на почетокот од лето е вистинскиот момент за собирање на семејството и консумирање големи количества кучешко месо.

Се верува дека во текот на оваа традиционална годишна прослава во локалните месарници ќе завршат илјадници кучиња, а обичајот во Кина предизвикува сé поостри контроверзии.

Чувањето песови како миленици некогаш во Кина се сметало за декадентен буржоаски обичај, меѓутоа зајакнатата кинеска средна класа којашто се противи на обичајот кој многу го сметаат за варварско злоставување на човековиот најверен пријател.

Во понеделникот група до 25 активниси за правата на животните развија транспарент пред зградата на градската управа во Јулин и бараа да се прекине споменатото празнување, но брзо биле растерани од група мажи за кои полицијата вели дека не ги идентификувала.

Градскиот кучешки пазар стана сцена на судир на приврзаниците и противниците на трговијата со кучешко место.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега