Со овие кондоми кажете „збогум“ на сексуално преносливите болести

Она што беше желба на секој корисник на кондоми, сега стана реалност.

Тим на тинејџери создадоа кондом кој ја менува бојата кога ќе дојде во контакт со сексуално преносливи болести. Во кондомот е вргаден индикатор кој ја менува бојата во зависност од инфекцијата со која доаѓа во допир.

Проектот, наречен S.T.EYE, е креиран од тинејџерите, на 13 и 14- годишна возраст, Данјал Али, Муаз Наваз и Чараг Шах.

„Ние го креиравме S.T.EYE како нов начин за детектирање на сексуално преносливи болести, со цел да се помогне на идните генерации“, изјавува Али, пренесува британскиот портал Mirror.co.uk.

Овој проект е добитник на ТинТех награда во категоријата здравје.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега