Откриена мрачна тајна - во лешот на познат бискуп откриено уште едно тело

Никој никогаш не би посомневал дека таков човек, како што беше бискупот Винструп, би можел да крие таква мрачна тајна. Повеќе од 350 години бискупот Педер Винструп лежел мирно и спокојно внатре во криптата во величенствената катедрала Лунд во Шведска. По 350 години мир и спокој, лешот на бискупот Винструг, чие тело важи за едно од најдобро зачуваните мумии од 17 век, е извадено за да биде подложно на скенирање,по што истражувачите останаа шокирани. Во еден момент на снимањето на мумијата, археолозите и истражувачите, над неговите нозе пронашле мал костур на дете. Со оглед на величината на костурот, истражувачите претпоставуваат дека се работи за дете родено неколку месеци порано. „Кога ги прегледавме снимките, еден истражувач ни кажа дека нашиот бискуп не е сам. Ни рече дека таму е со уште некој – мало дете, човечки фетус стар пет до шест месеци“, вели Пер Карстен водител на историскиот музеј на Универзитетот Лунд. Оваа вест особено ги изненади научниците кои се надевале дека од снимките од мумифицираното тело ќе откријат детали од неговиот живот, како и животот од Шведска во 17 век. Лешот неколку пати бил ваден од гробницата, а мумијата фотографирана, но на црно белите фотографии, не било можно да се види костурот на детето. Примероци од телото на бискупот, како и од телото на детото пронајден во неговиот леш се испратени на ДНК испитување, за да се одговори на прашањето во каков однос биле двајцата.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега