Исповед на девојката која зад себе има четири свадби

Од почетокот на мај до почетокот на октомври сите ресторани се зафатени поради закажаните венчавки. Зошто: Затоа што таков е обичајот, а и време им е...

Нема врска што не се сродни души, секако таа ќе го трпи до крајот на животот, па можеби и фактот дека можела да најде и подобар, но како што велат мајките: Подобро врапче на рака отколку гулаб на гранка. 

Па така од тие добри намери на мама, тато ,баба, дедо и најблсиките роднини многу парови се разедуваат, несреќни девојки и неверни мажи. 

Општо познато е дека девојките секогаш доцнат па зошто е толку голем проблем ако и на тој воз закаснат девојките? Можеби поради оние прашања: Што ќе кажат луѓето на тоа? 

Луѓето ќе речат: Не се омажила бидејќи никој не ја сака или се омажи со тој бидејќи не можеше подобар да најде. Во двата случаеви тие што ова го зборуваат нема да бидат ваши пријатели тие само сакаат да се замараат со туѓите животи и да се исмејуваат на тужите несреќи. 

Кога отидов на првата свадба, освен Нутела тортата ништо не чинеше на таа свадба. Невестата имаше се како што налагаат обичаите: Нешто ново, нешто старо, сино, позајмено, нешто „Фејик“ (солзи радосници). Девојката во бело не сакала да се омажи, а како што го затекнав идниот зет пред вратата „мртов пијан“кое тоа утро стигна и кога видов јасно ми беше зошто не сака да се омажи. По неколку месеци отидов на друга свадба. Подолго траеше мојот мамурлак отколку нивниот брак по свадбата. 

На некои доаѓањето пред матично им е исто како и доаѓање на аеродорм. Ако се чекираш ќе полеташ, ако закасниш ќе патуваш утре. Можеби „ пилотот“ се разликува но сепак е машко. 

На третата свадба, си помислив „трета среќа“, но покрај тоа што го одбегнав бидермаерот мислам поголема среќа нема. Свекрвата ја прекина свадбата.

И на последната свадба која бев таа година, бев на свадба кај мојата другарка од основно училиште. Ја прашав зашто не сака црковно венчавање, а таа ми одговори комплицираната процедура го поништува бракот.

И покрај се велат дека жените не се практични и дека не знаат што сакаат...

Во љубовта се верува, но во свадбите не!

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега