Исповед на девојка која сакала, но молчела, а тогаш кога собрала храброст...

Во денешно време се се чести примерите на мажите кои не смеат од некоја причина да им пријдат на девојките.

Велат „Многу сте нервозни и одбивни“ или „Вие барате само спонзори“или го нема тоа во тебе што посакува мажот. 

Некои  од нив ги признаваат своите чувства, но брзо се покајуваат, и велат дека биле пијани или под нечие влијание. Меѓутоа, девојките станаа поинакви. Почнаа да се борат за она што го сакаат, за тој кого го сака. 

- Мислев дека ќе издржам и дека нема ништо да му кажам. Со месеци се погледнувавме, се допишувавме, излагавме. Сето тоа беше на некое наивно ниво, мислев дека нема да се заљубам. Нема шанси, не јас. И тој делуваше незаинтересирано, не можев да го протолкувам неговото однесување, раскажува една девојка.

Постојано случајно се сретнувавме, се гледвме, но ништо конкретно да се случи. Сите во околината ми зборуваа дека сме еден за друг и дека би биле многу убав пар, но тие не забележале. 

Но таа го изгубила трпението и почнала да го игнорира. Потоа и тој почнал неа да ја игнорира, и така тие и двајцата си се игнорираа, се додека една вечер тој не рекол дека ќе си замине и повеќе нема да се врати. Тогаш таа сфаќа дека тој и значи многу повеќе отколку што мислела. Му кажала што чувствува спрема него, но сепак тој заминал, иако знаел дека и тој исто чувствува.

- Зошто замина? Незнам Се уплашил, така сите ми викаат. Но постојано се прашувам: Од што се уплаши? Никако тоа не ми е јасно. Љубов, врска, врзување, уживање? Сеедно. Замина и повеќе нема да се врати. Себе си постојано го псотавувам прашањето дали требаше да ги признаам своите чувства... но не се каам. Не ми е срам од моите чувства. Тој како сака. Можеше да се јави, но не. Ако нека ужива. Само, пропушти многу убави моменти, а ако се предомисли, ќе биде доцна. Јас веќе ќе г преболам...

 

 

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега