Могерини: Постигнат напредок за сите прашања на состанокот Белград-Приштина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека на состанокот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград е постигнат напредок за сите прашња. 

Могерини во соопштението по состанокот со српскиот премиер Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа, наведува дека било разговарано за прашања од областа на енергетиката, телекомуникациите, формирање Заедница на српски општини и слобода на движење на мостот во Косовска Митровица, пренесува Танјуг. 

- Нашите тимови во следните часови ќе продолжат да работат по тие прашања и наскоро повторно, во следните неколку дена, ќе разговараме и финализираме договорите, изјави Могерини.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега