Дојран по примерот на модерните туристички центри

Дојран по примерот на модерните туристички центри сите информации на заинтересираните посетители им ги нуди онлајн преку новата веб платформа, преку која се нуди можност и за резервации и плаќање преку интернет.

Од локалната самоуправа велат дека реализацијата на овој проект, во кој активно се вклучени и приватните издавачи на сместувачки капацитети, има големо значење затоа што сите туристи, посебно странските, многу брзо и полесно ќе се информираат и ќе можат да резервираат сместување.

- Сметаме дека сите модерни туристички центри во Европа и светот функционираат на таков начин и дека освен за македонските гости, за странските беше неопходно да понудиме таква услуга која му недостасуваше на Дојран. Претходно ако побаравте на интернет за Дојран ќе најдевте многу малку или скоро ништо. Преку оваа веб платформа туристите ќе можат лесно да стигнат до Дојран, да резирвираат сместување и да платат, рече градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега