Јолевски утре на состанок на Североатлантскиот совет на НАТО

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, утре ќе учествува на Состанокот на Североатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“.

Во рамки на состанокот министерот за одбрана ќе оствари одвоени билатерални средби со министрите за одбрана на Грузија и Канада.

Состанокот на министрите за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“ е прв од ваков вид и на истиот се очекува да се дискутира за досегашниот прогрес и идната траекторија на мировната мисија „Одлучна поддршка“

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега