Мицевски: Во источна Македонија се вложува како никогаш до сега

Вчерашен говорник во Кампот на чуварите на демократијата пред Собранието на Република Македонија беше пратеникот од Штип, Никола Мицевски.

Во неговиот говор тој се осврна на реализираните проекти од оваа Влада во источниот дел на Република Македонија.

Како што напомена Мицевски, во источна Македонија се вложува многу, што ќе е потребен цел ден за да се набројат сите проекти кои се реализирани изминативе неколку години или си во фаза на реализација.

Исто така како проект во огромно значење го напомена и автопатското поврзуваање на главниот град Скопје со Штип и источна Македонија. Овој проект кој владата го вети пред граѓаните веќе се реализира и е во напредна фаза во неговата изградба.

Пратеникот Мицевски потенцираше дека се работи и на експресен пат од Велес дo Кадрифаково кој е во втора фаза на неговата реконструкција, исто така и автопатската делница од Велес до Катланово и реконструкција на регионалниот пат во кои општина Карбинци  се поврзува општините Зрновци со Виница, кои е во должина од 10 километри.

Мицевски во своето излагање говореше и за Клиничка болница која е уште еден капитален проект кој се реализира во Штип. 

Минатата недела се потпиша договор за задолжување и проектот е вреден околу 48 милиони евра. За над 200 000 граѓани ќе се подобрат здравствените услуги, над 110 лекари се примени во клиничка болница Штип и истите со на специјализација и едукација во европски земји, изјави Мицевски. 

- Универзитетот Гоце Делчев е најголемиот проект кој е реализиран во овој дел од Македонија, има над 20 000 студенти, секое просечно работничко семејство во Република Македонија сега има можност да ги пушти своите деца да студираат, додаде Мицевски.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега