Средба Груевски-Коѕиас: Заложба за континуирано унпаредување на добрососедските односи

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Коѕиас, кој престојува во посета на Република Македонија, при што и двајцата ја истакнале потребата и заложбата за континуирано унапредување на добрососедските односи.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците ги поздравија и дадоа позитивна оценка за мерките за градење доверба помеѓу двете земји, а се осврнале и на спорот за името. 

- Двете страни ја истакнаа значајноста на процесот кој се води под медијаторство на Обединетите нации за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за отвореното прашање, стои во соопштението. 

Соговорниците ја истакнаа заложбата за интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија.

На средбата, се наведува, стана збор и за можностите за унапредување на вкупната соработка помеѓу двете земји во сферите од заеднички интерес.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 15:52
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега