Денешниот ден одредува какво време нѐ чека цела година

Православите христијани денеска слават  Св. апостоли Вартоломеј и Варнава.

Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Во Радовишко луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, како ќе се затемни и ќе се заврти. Овде според овој ден и овчарите прогнозирале какво ќе биди времето. Го набљудувале 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. На поискусните овчари не само Сонцето туку и некои други знаци им помагале во прогнозирањето на времето. Така на пр. тие внимавале и на ветерот, од каде дува и со која силина, колку има облаци на небото, со која боја се и кон каде се движат, дали сонцето пече посилно или послабо и сл. и сето тоа го бележеле на своите овчарски стапови. Потоа, по овие знаци претскажувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега