Попусти, забава и големи изненадувања - утре сите во „Капитол Мол"

Капитол Мол уште еднаш одлучи пријатно да ги изненади своите посетители на 26 јуни 2015.

Имено за крај на одбележување на  месецот на потрошувачите, овој петок ги покануваат сите да дојдат на шопинг со одлични попусти подготвени само за овој ден.Воедно за да биде забавата уште поголема овој петок за тоа ќе се погрижат артистите и изведувачите од Баскерфест Македонија.

Семејно ориентиран и уникатен во пристапот, Капитол Мол одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел заедно со своите партнери во трговскиот креираше одлични попусти и сет на активности, игри, подароци,работилнци и многу забава во текот на целиот ден. Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да се забавуваат со изведувачите од Баскерфест. Обезбедени се специјални попусти за шопинг, а дел од изненадувањата се и специјалните намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.

Со својот пријатен амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат.

Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.  

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега