Три дена ќе се поремети сообраќајот - еве каде нема да се вози

Од утре во 08.00 часот, до понеделник до 07.30 часот, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Јордан Мијалков“ („Железничка“), и тоа на делницата од улица „Герман“ до улица „Павел Шатев“(Бихаќка).

Улицата ќе биде затворена за сообраќај поради финалното асфалтирање на коловозот.

За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Македонија“.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници, или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим за сообраќај, 

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега