Шокантни болести на познатите

Секогаш насмеани и дотерани на црвениот тепих, но сепак тие се обични луѓе кои не се имуни на болести.

Иако живеат со тешки заболувања, тие се успешни и среќни, па затоа за многумина претставуваат вистинска инспирација

Мајкл Џеј Фокс

majkl-dzej-foks500

На 45 годишниот актер во 1991 година му е дијагностицирана Паркинсонова болест која во јавноста ја соопштил седум години подоцна. Голем број луѓе кои боледуваат од оваа болест дијагнозата ја добиваат околу педесеттата година.

Шенон Доерти

shenon-doerti500

Актерката (44) популарна како Бренда од „Беверли Хилс“ објавила дека боледува од Кронова болест во 1999 година. Ова автоимуно заболување доведува до воспалувања во организмот и непријатни симптоми како што се стомачни грчеви и дијареја. Не постои лек, но заболувањето е такво што влегува во фаза на мирување, а потоа повторно се појавува.

Меџик Џонсон

magic-johnson500

Поранешниот американски кошаркар (55) го шокираше целиот свет кога во 1991 година објави дека има ХИВ. Поминаа веќе 22 години, но тој и понатаму се држи благодарение на коктел лековите кои ги прима секој ден, а кои на сите заболени им даваат надеж дека може да имаат нормален живот.

Ким Кардашијан

kim-kardashian500

Кој би рекол дека Ким со својата совршена кожа, всушност пати од псоријаза. Ѕвездата тоа успешно го сокрива, но од време на време добива реакции на кожата и осипи, кои се карактеристични за оваа болест.

Памела Андерсон

pamela500

Секси актерката која се прослави со улогата во филмот „Чувари на плажата“ во 2002 година призна дека боледува од хепатит Ц кој го добила од поранешниот сопруг со кој ја делела иглата за тетовирање.

Џен Озборн

500

На 26 години, неколку недели откако стана татко за прв пат, на синот на легендарниот Ози Озборн му е дијагностицирана мултиплекс склероза.

Дејвид Бекам

Bekam-500

На овој заводник тешко кој ќе му најде мана, но тој пати од две пореметувања кои му го отежнуваат животот – опсесивно компулсивно пореметување и Турет синдром. Бекам (40) признал дека работите мора да му бидат подредени по линија или да бидат во пар, како и дека кога отседнува во хотел не може да се опушти додека книгите и летоците кои ќе ги најде во соба, не ги намести во фиока.

 

 

Оцени ја веста

25.06.2015 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега