Дознајте каква мајка сте според хороскопскиот знак

Мајката Овен – Таа ќе стори сé за да стане најдобар родител на света. Тое е нејзиниот мајчин сон!

Мајката Бик – Таа е приврзан мајка. Постојаното гушкање и бакнување на деца е нејзини постојана навика што нема да им се допаѓа многу, кога влегуваат во пубертет.

Мајката Близнаци – Нејзината куќа е полна со книги и едукативни игри. Ги учи децата на самостојност уште од најрана возраст, бидејќи знае колку многу ќе им помогне тоа во иднина. Демократска мајка, дури и малку повеќе од што треба.

Мајката Рак – Исклучително внимателна кон потребите на децата, дури и до најмалите детали. Многу сентиментална. Како карактер таа е кроток човек, но кога станува збор за нејзиното дете, се претвора во див ѕвер.

Мајката Лав – За неа е страшно важно детето да има самодоверба, па затоа напорно работи токму во таа насока. Го мотивира, го облекува скапо, често разговара со него како со возрасен, за да се почувствува почитувано и не на долно подценето ниво.

Мајката Девица – Мајката со најсилна интуиција. Таа знае што треба нејзиното дете, уште од моментот кога за прв пат го зема во свои раце. Секогаш ќе го фаќа кога лаже и ќе знае, ако нешто го загрижува. Ќе чувствува кога нешто ќе тргне наопаку. Нејзината љубов е бескрајна.

Мајката Вага – Таа е многу вљубена во мајчинството, но често се чувствува супер истоштена од домашна работа и илјадниците обврски кои ги има. Вроденото нејзино чувство за правда ќе биде причина да избувнува, но потоа многу вешто ќе го компензира тоа.

Мајката Скорпија – Таа е студена кога доаѓа до изразување на нежност, но пак го компензира тоа со супериореното чувство за хумор што нејзините деца го обожаваат. За неа е важно тие да мислат!

Мајката Стрелец – Таа е многу сериозна и одговорна мајка. Сè е на распоред – хранење, капење, спиење, игри, бидејќи знае колку важен и корисен е режимот. И е кралица на игрите!

Мајката Јарец – Строга мајка која држи на редот и послушноста. Иако изгледа поладна, вистината е дека за неа нејзиното дете е центарот на универзумот и секоја своја акција таа ја прави во име на неговото среќа.

Мајката Водолија – Таа е со слободољубив карактер, желба за нови и различни нешта и се обидува истото да го даде и на своите деца. Таа ќе ја промовира нивната љубопитноста, ќе се потруди да растат во средина со неисцрпен оптимизам и желби за авантури.

Мајката Риби -Таа е најодговорната мајка! Се грижи беспрекорно за деца од секој аспект. Подготвена е сè за нивната среќа, дури се грижи и жртвува повеќе од потребното.

Извор: Вечер

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега