Важно е да стигнете, но не е важно кога - како безбедно да стигнете на море?

Сезоната на годишните одмори е во тек, веруваме дека сте уплатиле некои од аранжманите и ако планирате на пат да тргнете со својот автомобил овој водич ќе ви помогне да стигнете безбедно до посакуваната дестинација. Автобуската несреќа која се случи во Србија е напомена да бидете повеќе од внимателни. 

- Некогаш ноќното возење често се препорачуваше, но сега повеќе не е корисно да давате такви совети. Во лето  веќе од 3 часот почнува да се разденува, тоа е идеалното време да тргнете на пат. Возачот мора да биде добро одморен и отспиен (барем 6-8 часа), а иделано би било со вас да имате уште еден возач за да можете да се мењавате, велат надлежните

Телефонот треба да биде исклучен, немојте да го користите ни со слушалки, а на радиото пуштете вести само за да го пратите какво ќе бие времето додека патувате, за да не ве вознемират некои тешки вести и за да не ве деконцентрираат. Музиката треба да биде тивка или потполно исклучена. 

- Возачот треба да има свој мир и да биде максимално концентриран, како да решава некои математички задачи, бидејќи на негова одговорност се неговиот живот и на другите со него, велат надлежните 

Секои коментари од типот: „Види го ова, види го оној што направи, каде вози  и слично“, можат да го деконцентрираат возачот и недај боже да изгуби контрола. 

Овие неколку совети корисно е да се знаат и да се применуваат. 

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега