За 10,7 проценти намален бројот на умрени лица од насилна смрт во 2014

Бројот на умрени лица од насилна смрт во Република Македонија во 2014 година е намален за 10,7 проценти во однос на претходната година и изнесува 493 умрени лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пишува МИА.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 проценти.

Во структурата на умрените од насилна смрт според полот и во 2014 година, како и во претходните години, повеќе се мажи, или 74,6 проценти.

Од вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат „несреќните случаи“ со 63,1; „самоубиствата“ со 29,8 и „убиствата“ со 7,1 проценти.

Во категоријата „несреќни случаи“ најголемо учество имаат умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“ со 26,2 проценти.  Во категоријата „самоубиства“ на прво место се случаите кај кои што смртта настапила поради „бесење,  странгулација и суфокација“ со 15 проценти. 

Во категоријата „убиства“ најголемо учество се случаите од „oбид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ или 3,2 проценти во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега