Важна вест за возачите во Скопје: Кои улици ќе бидат затворени?

 

Улицата „Јордан Мијалков“, поранешна „Железничка“, од денеска до понеделник ќе биде затворена за сообраќај поради финално асфалтирање на коловозот.

Прекинот е на делницата од улицата „Герман“ до улицата „Павел Шатев“, поранешна „Бихаќка“, а ќе трае од 8 часот  денеска до понеделник, во 7 часот и 30 минути. 

За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Македонија“

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници, или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим за сообраќај. 

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега