Началникот Котески во посета на КФОР

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески,  денес, престојуваше во еднодневна официјална посета на КФОР.

За време на посетата, НГШ на АРМ  се сретна со командантот на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Марк Фергусон и со командантот на КФОР, генерал-мајор Франческо Фиљуоло.

На средбата која се одржа во кампот Бондстил, Република Косово, се разговараше за безбедносната состојба во регионот, можностите за унапредување на соработката со силите на КФОР, како и размена на информации со АРМ.

 НГШ на АРМ беше информиран за безбедносната состојба во зоната на одговорност на КФОР, како и за активностите и идните планови. Генералот Котески побара поголемо и поефикасно ангажирање на КФОР на границата помеѓу Македонија и Косово.

Заклучено е дека АРМ и силите на КФОР имаат воспоставено соработка и дека во наредниот период таа ќе продолжи да се развива во интерес на јакнење на безбедноста во регионот.

 Разговарано е и за понатамошната улога на Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој е во формацискиот состав на АРМ. Негова основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР.

НГШ на АРМ се сретна и со командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Рахман Рама, со кого разговараше за одредени прашања поврзани со соработката и безбедноста во регионот. 

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа