„Нема да дозволам изгледот да ме дефинира“ - оваа жена е инспирација за многумина

Доун Шал е родена во Велика Британија со тумор- тератом, кој и се наоѓал во близина на душникот и докторите за да го отстранат морале да ги поместат коските во левата страна од нејзиното лице.

Дел од лицето на жената е поместено, откако туморот се развил во близина на нејзиниот душник, а таа изјави дека ќе одбие пластична хирургија, бидејќи е совршена таква каква што е.

„Ако некој дојде утре и ми рече дека ќе може да ме среди, јас нема да сакам“, изјави 46- годишната жена за британскиот „Дејли Маил“ и додаде дека нема да дозволи нејзиниот изглед да ја дефинира неа.

„Човечкото лице е секогаш прво нешто што го забележуваме кај личноста која ја запознаваме, па да имаш лице кое е физички поразлично дефенитивно го промени начинот на кој светот ме перцепира“

Шал додаде дека нема да дозволи нешто што некои го сметаат за деформитет да ја спречи да ужива во животот.

Инаку оваа Британка која инспирира многу луѓе во светот е во брак со Иан веќе 20 години и има среќен живот, покрај сите исмејувања.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега