Зошто гледаме разни форми кога ги затвораме очите?

Многу луѓе сметаат дека во прашање е одраз на она што сме го виделе пред да ги затвориме очите, но тоа е само делумен одговор, велат научниците.

Во прашање се фосфени, движечки визуелни перцепции кои ги гледаме кога ќе ги затворие очите. Се смета дека ги произведува внатешен електричен набој кој мрежницата го произведува и во состојба на мирување, кога до неа не допира обилна светлина и инфомрации од надворешниот свет.

Во тој момент се прави регенерација на мрежницата, односно пигмент кој детектира различни бранови должини на светлина.

Продолжување на фосфенот може да предизвика и механичка стимулација на мрежницата по пат на нанесениот притисок. Ова лесно може да се тестира со затворање на очите и лесно притискање на капаците. Тоа не би требало да го правите многу силно и многу често, затоа што би можело да им наштети на очите.

 

 

Оцени ја веста

26.06.2015 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега