„Те сакам. Но оди - кажи им на нашите деца дека тато ги сака“ - Сара во хаосот била спремна за најлошото

Брит Метју Џејмс е херојот кој ја спаси својата свршеница Сара Вилсон од терористичкиот напад на ИДИС на плажата во Тунис, каде загинале 37 лица.

Двајцата лежеле на лежалките како и сите останати, кога во еден момент Метју го погодил куршум. Тогаш тој застанал пред својата свршеница како жив штит за да ја заштити. Сара започнала да вришти, бидејќи кога погледнала околу себе се било хаос. Нејзиниот свршеник само и рекол: „Те сакам. Но оди - кажи им на нашите деца дека тато ги сака“. 

Преживеаната успеала да побегне, а Метју добил уште два куршуми.

Барајќи го со часови, Сара се плашела за најлошото, тогаш некој и подал телефон и и рекол дека некој сака да разговара со неа.

„Тоа беше Метју и тогаш за прв пат дознав дека е жив“, изјави Сара за британски Мирор.

 

 

Оцени ја веста

27.06.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега