ФОТО: Оваа пензионерка си зема 38 години помладо момче - животот и го претвори во пекол

Пензионерка од Велика Британија мислела дека 25 години откако завршил нејзиниот прв брак, конечно ќе и се насмее среќата, па се венчала со младо момче кое го запознала на социјалните мрежи. 64-годишната Патриција Хоскок се земала со Mondhera Meznija од Тунис кого го запознала преку Интернет, иако тој имал само 26 години.

- Ме третираше како кралица, се однесуваше убаво, а и сексот беше одличен, вели таа за светските медиумии додава дека хемија се чуствувала уште пред да се запознаат. Момчето ја опсипувало со комплименти и знаела дека е лудо заљубен во неа.

Сепак, таа сокрила од него дека последните 12 години од својот живот е во инвалидска количка.

- Кога се сретнавме тоа не му пречеше иако се плашев што ќе каже. Јас ја платив вечерата со оглед на тоа што е многу млад и не заработува многу. И моите ќерки беа среќни за мене. Купив венчаница и прстени, вели таа.

Тие во 2012 се венчале. - Ми даде кутија со подарок, мислев дека е прстен. Кога отворив внатре имаше вештачки трепки. Ми кажа дека добро би ми стоеле. Потоа доби привремена виза и го снема. Не го видов осум месеци, вели таа.

Така, сонот на оваа пензионерка се претворил во кошмар, па решила да ја сподели приказната со светските медиуми. Вели дека младиот младоженец и ги земал сите пари, па таа сега се бори да скрпи крај со крај.

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.06.2015 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега