Користела тампони - сега нема една нога

На познатата 27 годишна манекенка Лаурен Васер и предвидувале сјајна кариера како фото-модел, но она што и се случи ги шокира сите.

Лаурен за време на менструалниот циклус употребувала тампони. Иако имала слушнато дека користењето на тампони може во ретки случаи да педизвика опасна и фатална болес ТСС или синдром на токсичен шок, што претставува инфекција која обично ја предизвикуваат стафилококите, а која може нагло да се влоши и да премине во тежок неизлечив шок. Убавата манекенка не верувала дека тоа може да и се случи баш неа.

Манекенката го променила тампонот и легнала да спие, а ја разбудило тропања на полицаецот на врата. Во тешка состојба ја однесоа во болница со висока температура, внатрешните органи речиси и откажале и доживеала тежок срцев удар, па докторите морале да и ја ампутираат под коленицата на десната нога.

На макекенката и било тешко да се привикни на новиот изглед, останала без кариера, без ништо, но сепак одлучила да научи да го сака своето ново тело.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега