Животната драма на победникот Иван: Не сум си ја видел ќерката 9 години

Иван Куртиќ, првиот победник на Пинкови Ѕвезди, во моментот на победа кога беше најсреќен, не можеше целосно да биде исполнет бидејќи му фали личноста со која сака да ги споделува сите моменти - неговата ќеркичка Наталија која не ја видел цели девет години.

Имено, тоа е неговата ќерка од првиот брак која живее во странство со мајка си.

- Не знам дали гледа Пинкови ѕвезди, се надевам дека гледа за да го види татко си. Не сме во контакт бидејќи е во странство со поранешната сопруга, вели тој и додава дека ќерка му слабо го познава бидејќи не се противел мајка и да ја однесе во Германија каде што живеат, со оглед на тоа дека имаат убав живот.

Додаде дека и ако било кога реши да дојде кај него, ќе ја прифати и многу ќе се израдува.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега