ВИДЕО: Детето родено без очи и нос доби ново лице

Запознајте го тригодишниот Јахја Ел Џабали, детето кое се родило без очи, нос и горна вилица, кое родителите го чувале скриено од погледите на луѓето.

Детето од Мароко беше подложено на реконструктивен хируршки зафат во Австралија по голема помош од донаторите и докторите кои прифатија операцијата да ја направат бесплатно. Операцијата траела 18 часа.

Тоа е голема радост за нас и среќа е да го видиме нашиот син во таква ситуација, рече неговиот татко Мостафа.

Бебето стана познато во светот откако најдобриот пријател на татко му на Фејсбук ги замоли медицинските експерти да помогнат.

Неговата молба ја прочитала Фатима Барака која живее во Мелбурн, а која е родена во село близу до она од кое доаѓа малиот Јахја, па го пронашла хирургот Тони Холмс кој би ја направил операцијата. 

- Не можам да поверувам низ што поминало тоа дете. Сега изгледа како и секое дете. Тој е многу паметен, сега пред него има иднина, рекла Барака.

Се очекува Јахја еден ден и да може да зборува, бидејќи гласните жици не се оштетени за време на операцијата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега