Пет знаци дека сте во многу лоша врска

Квалитетната врска не исполнува со среќа, задоволство и уживање. Но, кога тензиите меѓу партнерите можат да се сечат со нож, време е добро да размислите во каква врска се наоѓате. Ви донесуваме пет знаци кои говорат дека време е за прекин...

1. Се карате за се

Расправиите во врската можат да бидат наивни или конструктивни. Но, ако речиси секој ваш разговор завршува со препирки кои прераснуваат во вистински лути кавги, тоа може да значи дека вашата врска повеќе не е тоа што била. Предизвикувањето на расправии е знак за нетрпеливост која секојдневно станува се посилна и посилна.

2. Избегнувате заедничко време

Смислата на заљубеноста е да не можете да се засититие од партнерот. Ако времето сакате да го поминете во канцеларија, со колегите и пријателите и ако се подоцна доаѓате дома и ги прескокнувате договорените состаноци, време е да размислите кои ви се приоритетите. Иако е добро партнерите да имаат своја приватност, кога тоа ќе стане примарно тоа може да биде знак дека вие или вашиот партнер сте заситени еден од друг.

3. Се ви пречи кај партнерот

Сите ние имаме мали бубачки и навики кои не прават различни. Но, кога навиките на партнерот, кои претходно ви биле симпатични сега почнуваат страшно да ве нервираат, време е да ја побарате причината. Ваквото однесување е прв показател за оддалечување од партнерот. Ако состојбата стане неиздржлива, крајно време е за сериозен разговор со партнерот, или во најлош случај прекин на врската.

4. Наоѓате изговори за сексот

Сексот е најблизок и нај интимен момент меѓу партнерите. На почетокот на секоја врска страста е на највисоко ниво и нормално е таа со време да спласне. Но, ако сексот со партнерот ви станува обврска или пак мака, добро преиспитајте ги своите чувства. Недостигот на блискост ве води кон сериозни проблеми во врската, па и до прекин.

5. Не гледате заедничка иднина

За врската да опстане вашиот живот и животот на вашиот партнер мора да бидат тесно поврзани. Планирањето на иднината е еден од најважните чекори и затоа овој дел не смее да се игнорира. Кога размислувате за иднината, ако за 10 или 20 години во неа не го гледате својот партнер тоа може да биде знак дека тој никако не се вклопува во вашите планови, што може да открие многу за вашите чувства кон него.

 

 

Оцени ја веста

29.06.2015 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега